Мени

Матичните лекари синоќа не дежураа

03.02.2012 15:26 | KumanovoNews

 Причината поради која дежурните матични лекари синоќа не се појавиле на работа не ги знае ни претседателката на здружението на приватни лекари Зорица Јовановска, но тврди дека не станува збор за организиран прекин на дежурствата. Пацентите се револтирани и прашуваат кога ќе се стави крај на самоволието на здравствените работници во градот.

Матичните лекари синоќа не дежураа

Граѓаните на Куманово синоќа повторно останаа без дежурна амбуланта и здравствена заштита во периодот од 20 часот до полноќ. Матичните лекари кои дежураат во ординација во просториите на Итната помош не се појавиле на работа, па на пациентите немало кој да им пружи здравствена заштита. Ѓраганите кои не можеле да го чекаат дневното работното време на матичните биле прегледани во Ургентниот центар по полноќ.

Претседателката на Здружението на приватни лекари од Куманово – „Медикус„ Зорица Јовановска вели дека не ја знае причината поради која нејзините колеги синоќа не го одработале дежурството. Нагласува дека не станува збор за отганизиран прекин на дежурствата од матичните лекари, туку за инцидентен случај за кој не е запознаена.

Наспроти ова, пациентите кои синоќа имале потреба од здравствена услуга се револтирани од самоволието на матичните лекари, кои си земаат за право да не дојдат на работа и да си поигруваат со здравјето над 100.000 паценти.

Минатиот месец матичните лекари во Куманово ги прекинаа дежурствата два дена со одлука на Здружението на приватните лекари на Македонија. Бараа дежурствата да ги организира Здравствниот дом како во останатите градови а досегашните дополнителни работни обврски да им се платат.