Медијацијата ќе ги забрза судските спорови
Во Куманово нема судски предмети кои се решени со медијација, иако со медијаторите судските процеси ќе се завршат полесно, побрзо и без конфликти меѓу двете страни.
Македонија се стреми кон влез во ЕУ, каде медијацијата е алтернативен начин на решавање на споровите.
Медијацијата е можна во граѓанските спорови, во семејните спорови, особено во сферата на потрошувачките, трговските спорови. Медијацијата задолжително е вметната во Законот за малолетничка правда, во новиот Закон за кривична постапка. Се обидуваме да профункционираме 166 медијатори - рече Радица Лазаревска Геровска, државен советник за извршители, нотари и медијатори во Министерство за правда.
Преку промоција на медијацијата граѓаните кои се потенцијални клиенти треба да сфатат дека медијацијата е многу ефикасна.
Медијаторот само ги насочува двете страни. Самата атмосфера е здрава, нема победници и победени. Идината на медијацијата допрва доаѓа во Македонија. Во земјите во Европа, Америка каде што сум била 90 отсто од случаите се решаваат со медијација - вели Дивна Јанкова, медијатор.
Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово рече дека медијацијата ќе придонесе за странките, но и за државата воопшто.
Денеска во Куманово се одржа промоција на медијаторството на кој учествуваа претставници од Министерството за правда, медијатори, судии и народниот правобранител од Куманово.