Меѓународен аикидо семинар во Куманово
16.04.2015 09:56
| KumanovoNews
Во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“, викендов ќе се одржи меѓународен семинар за аикидо.
Семинарот го организираат Општинскиот сојуз на спортови и аикидо клубот “Агатсу“, по повод 10 години постоење на клубот. На семинарот ќе има аикидо мајстори од Македонија, Србија, Хрватска, Шведска и Бугарија. Во сабота семинарот ќе трае од 13 до 18 часот, а во недела од 11 до 14 часот. Влезот е слободен.