Меѓународниот ден на Бошњаците неработен
24.09.2014 10:44
| KumanovoNews
Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 септември е неработен за бошњачката заедница.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 28 септември (недела), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.