Мени

Меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски

17.10.2014 15:23 | KumanovoNews

Младите од СДСМ Куманово викендов го организираат Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски - Матрикс.

Меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски

Натпреварите  со почеток во 10.30 часот ќе се играат во салата на средното училиште “Перо Наков“.

На турнирот учество ќе земат 16 екипи, а за најдобро рангираните ќе следуваат награди. Ги повикуваме сите граѓани да го посетат овој турнир, со кој ќе оддадеме почит во спортски дух, за прерано згаснатиот живот на Мартин - вели Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

Турнирот се организира трета година по ред.