Меморијалниот центар АСНОМ го посетуваат над 10 000 гости
Во Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце најмногу посетители има од април па до крајот на летото.
Ова место годишно го посетуваат над 10.000 луѓе. Меѓу нив најмногу ученици, пензионери и странци. За одредни категории на луѓе како што се борците и пензионерите влезот е бесплатен.
Воглавно има групни посети. Посетеноста е голема во екот на ученичките екскурзии, а тоа е на почетокот или на крајот на годината. Центарот е ставен е во програмата за екскурзии.Има посетители од сите генерации. Месечно реализираме над 1000 посети. Како и сите други музеи во светот само во понеделник не работиме - вели Јовица Станковски, директор на Музеј Куманово.
Станковски додава дека олеснителна околност е тоа што има фалери на англиски, а при влезот во државава туристите добиваат СМС порака со препорака што можат да видат во околината. Пелинце е близу до границата и затоа многу српски државјани го посетиле местото и ја виделе поставката во Меморијалниот центар АСНОМ.
Меморијалниот центар АСНОМ е ставен во функција од 2006 година, а почна да се гради откако српските црковни власти не дозволуваа прославата на Втори август да се организира во манастирот Прохор Пчински. Во состав на музејот функционира и спортско-рекреативниот центра Пелинце, кој е место за одмор и рекреација на голем број кумановци.