Мештаните на козјачијата снемуваат храна
Сеуште се отсечени од светот жителите од планинските села Мглинце, Буковљане, Бајловце, Длабочица, Дејловце, Цветишница, Аљинце во општината Старо Нагоричане.
Градоначалникот Миодраг Јовановиќ вели дека состојбата станува алармантна, бидејќи снегот во планинските села не престанува да паѓа ми се создаваат големи наноси, а тие немаат можност да ги исчистат патиштата.
Во општинaта се јавија жители од селото Буковљане кои бараат помош во храна. Кажуваат дека резервите им се при крај и бараат да им помогнеме. Ние немаме начин тоа да го сториме, бидејќи патиштата се непроодни, а немаме капацитет самите да ги исчистиме. Секојдневно за состојбата на терен пријавуваме во Центарот за управување со кризи и очекуваме од таму да преземат конкретни чекори- вели градоначалникот Јовановиќ.
Отежителна околност е и тоа што жителите на овие планински села се главно стари лица, кои имаат проблеми со здравјето.
Екипите за одржување на патиштата во Општината Старо Нагоричино вчера го чистела патот до Кокино, а денеска се на патот кон селата Бајловце и Свиланце.