Мени

Мигрантите во Лојане се одомаќиа

07.03.2012 14:37 | KumanovoNews

 Проблемот со мигранти од Пакистан, Авганистан, Либија и Индија, кои престојуваат во липковското село Лојане, сеуште е присутен.

Мигрантите во Лојане се одомаќиа

 Тие нелегално влегуваат во Македонија и остануваат по неколку месеци во пограничното село, додека да најдат начин да преминат во соседна Србија. СВР Куманово има сериозни проблеми во справување со оваа појава.

Не би можела да дадам точна бројка, меѓутоа нашата перцепција е дека проблемот е сеуште присутен, но со помали размери споредбено во некои изминати периоди. Лицата кои се илегални мигранти неретко се и баратели на азил што е нивно легитимно право, и нешто што е легално во било која држава на територија на Европа и пошироко. Ние имавме ситуација каде лицата кои еднаш ќе ги откриеме, заради правните процедури и заедничката миграциска политика на Европа повторно ни се јавуваа при повторни полициски акции-вели министерката Гордана Јанкуловска.

Министерката вели дека имаат неселективен пристап во решавање на овој проблем, па деновиве беше уапсен полицаец од Гошинце кој нелегално превезувал мигранти на српска територија.