Милош Ранчиќ прв на ноќна трка во Скопје
16.11.2015 10:56
| KumanovoNews
Атлетичарот Милош Ранчиќ од Куманово викендов освои прво место на ноќната трка низ улиците на Скопје, организирана по повод 13 Ноември-Денот на ослободување на Скопје.
Патеката од 5000 метри Ранчиќ ја истрча за 15 минути и 6 секунди.
Голема благодарност до тренерот Кире Стојановски и атлетски клуб „Скок“. Јас бев единствен атлетичар од Куманово на трката, Имаше јака конкуренција, имаше над 50 учесници од Македонија. На оваа трка досега учествував повеќе пати, по повод ослободувањето на Скопје - рече Ранчиќ.
Тој вели дека во наредниот период ќе работи на надминување на својата форма и подготовка за натпревари во земјава и во странство.
Фото: Никола Здравевски