Министерот Ивановски пошумуваше во Куманово
Годинешнава, десета акција "Ден на дрвото-Засади ја својата иднина" се спроведува под мотото "Спортски е да се сади".
Во Куманово се садеше на две локации во селото Биљановце, во близина на Липковската брана и во м.в. Краста во Старо Нагоричане.
На локалитетот во Биљановце,во акцијата учествуваше и министерот за информичко општество и администрација Иво Ивановски.
"Особено задоволство е што Владата и годинава ја спроведува оваа акција на која ќе бидат засадени над 3 милиони садници. Икуството од минатото покажува дека есенските акции се најуспешни.Се надевам дека сите овие садници, еден ден ќе бидат бели дробови во овој регион"-рече министерот Ивановски.
Во денешната акција во Куманово се вклучија средношколци, преставници од АРМ, од јавните претпријатија и локалните институции.
Од кумановската подружница на ЈП "Македониски Шуми",велат дека ќе продолжат со пошумување на овие локации во наредните денови.
Екипи од ЈП "Македонски Шуми" го подготвија теренот машински и рачно. На двете локации на површина од 20 хектари планирано е да се насадат 80.000 садници чемпрес, црн бор и јасен"-вели Весна Темелковска од кумановската подружница на ЈП "Македонски Шуми".
Во акцијата за пошумување учествуваат и членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.