Министерот Тодоров ја посети кумановската болница
Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска ја посети Општа болница Куманово, при што вети дека ќе се подобрат условите за пациентите.
Условите на хируршката амбуланта се супстандардни. Ќе пуштиме екипа од министертвото надлежна за инвестиции и ќе се обидеме да најдеме привремено решение, кое ќе биде подобро од сегашното. Ако нема услови за такво нешто, тогаш ќе одиме со поголема реконструкција, за да се обезбедат нормални и посоодветни услови за работа во амбулантите„ - рече министерот Тодоров.
Министерот вети дека во болницата наскоро ќе се вработат лекари специјалисти кои недостасуваат на одделенијата. Во Кумановската болница фалат 25 лекари.
Девет лекари по општа пракса од Куманово ќе заминат од идната академска година на специјализација.
„Потребен е нов број на специјалисти кои треба да ги покријат потребите на здравствениот систем. Специјализантите ќе се обезбедуваат согласно потребите на системот. Свесни сме дека во одредени области нема доволен број на специјалисти како што се патолози, анестезиолози, педијатри и очекува дека преземните чекори ќе дадат резултати„- вели министерот.
Министерот најави дека до крајот на годината ќе пристигнат и новите 70 амбулантни возила.
„До крајот на годинава,ќе бидат доставени новите амбулантни возила, кои потоа Министертвото ќе ги дистрибуира до сите градови.Станува збор за врвно опремени возила, со најсоверемнема опрема кои ќе овозможат побрз и побезбеден транспорт на пацинетите„- додаде министерот.
Министерот е задоволен што реконструкцијата на болницата се одвива по утврдената динамика, а современие апарати се во функција на граѓаните.