Млади кумановци се обучуваат за електронско ангажирање
Во Гимназија „Гоце Делчев“, дваесетина млади кумановци денеска следеа обука за е- ангажирање, организирана од Фондација е - Македонија и Младински сојуз.
Во проектот се опфатени млади на возраст од 16 до 26 години, кои во текот на обуката ќе научат како со алатките и идеите во дигиталниот свет да си го олеснат секојдневието. Многу од работите кои порано се правеле со хартија и пенкало сега многу поедноставно може да се изработат електронски.
Како младиот човек да одолее на лошите работи кои ги носи компјутеризираниот свет, но и како да ги искористи и позитивните страни за ако утре или задутре треба да напише молба, да не чека во редици, туку да ја прати електронски. Ако им треба некое барање од општината, да знае како истото да го побара по електронски пат. Сето она што претходно се правело со многу труд и со многу време, сега да знае да го направи со помалку време и со помалку труд користејќи ги ИТ технологиите. Средношколците и младинците треба да бидат активни граѓани и да знаат како да се снајдат во општеството - изјави Маријана Јанческа, асистент на проект.
Обуката беше со интерактивен карактер и на неа учествуваа ученици од повеќе средни училишта во градот.
Социјалните мрежи се се позастапени, земаат се поголем замав и преку нив се решаваат дел од проблемите во општеството. Разгледувавме теми дали со помош на социјалните мрежи можеме да направиме промени во општеството. Интерактивна беше работилницата, имаше игри и сум многу задоволен - рече Дарко Димитриевски, ученик во “Перо Наков“.
Вакви обуки во наредниот период ќе бидат организирани во Струга, Штип и Кавадарци, а завршната конференција ќе се одржи во Прилеп.