Мени

Младите чистеа ѓубре кај Спортска сала

22.10.2012 10:54 | KumanovoNews

Здружението на граѓани „Бујрум„ Центар за рурален развој со поддршка од ЈП "Чистота и зеленило" од Куманово викендов организираше голема еколошка акција за чистење на јавниот простор околу спортската сала Куманово.

Младите чистеа ѓубре кај Спортска сала

Целта беше да се подигне свеста кај граѓаните за живеење во почиста животна средина и одржување на истата. Акцијата собра млади луѓе, ученици  од основни и средни училиштата од Куманово и волонтери кои заеднички им покажаа на кумановчани како секојдневно треба да ја чуваме а пред се оддржуваме чиста животната средина- изјави Андријана Колевска, претседател на здружението.

Акцијата за чистење на јавен простор,  е дел од проектот “Зачувување на уникатната природа- промоција на велосипедски туризам за подршка на природата”, кој се реализира во рамки на ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.