Мени

Младите на ДПСМ ќе соработуваат со колегите од ДСС

29.10.2012 09:15 | KumanovoNews

  Младите на Демократската партија на Србите во Македонија викендов во Скопје потпишаа договор за соработка со младите на Демократска странка на Србија на Воислав Коштуница.

Младите на ДПСМ ќе соработуваат со колегите од ДСС

Договорот го потпишаа претседателите Далибор Китановиќ и Немања Петровиќ кои се согласија дека положбата на српската младина во Македонија треба да се подобри и се договорија заеднички да поработат на тоа.

Целта на овој состанок беше да се продлабочи соработката на двете партии, а со тоа и на двете младински организации, а на состанокот беше договорено и раководството на младите на Демократската партија на Србите во Македонија наскоро да ги посетат младинците од ДСС во Белград каде што ќе го посетат и Парламентот на Србија- изјавија од партијата.

На состанокот присуствуваа и Бојан Аврамовиќ, Софија Граовац, Милан Радојчиќ и Предраг Топаловиќ.

Делегацијата на младите на ДСС ја посети и општината Старо Нагоричане каде ги прими градоначалникот Миодраг Јовановиќ. Гостите присуствуваа и на одбележувањето на стогодишнината од Кумановска битка на Зебрњак.