Мени

Младите на СДММ ги посетија старите лица во “Зафир Сајто“

01.10.2014 11:26 | KumanovoNews

По повод 1 октомври - Меѓународниот ден на старите луѓе, младите социјалдемократи денеска го посетија Домот за стари лица “Зафир Сајто“.

Младите на СДММ ги посетија старите лица во “Зафир Сајто“

При тоа на старите лица им однесоа скромни подароци, им посветија внимание и поразговараа со нив.

“Како и секогаш така и сега покажавме почит кон оние кои ја носат мудроста, кон оние од кои треба да учиме токму ние младите. Оваа наша посета е само мало потсетување дека и тие се дел од нашето секојдневие и општество и дека не само на овој ден, туку и секојдневно треба да се обрнува внимание на оваа категорија на луѓе. Им донесовме скромни подароци, за забава карти, шах, домино“ - рече Емил Ташевски, член на извршен одбор на СДММ Куманово.

И членови на поетски клуб “Обденица“ денеска го посетија домот каде одржаа поетско читање и направија мала приредба за старите лица.