Младите на ВМРО чистеа кај Спортска сала
По повод светскиот ден на планетата Земја 22-ри Април, младите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово,вчера реализираа голема еколошка акција за почиста и поздрава животна средина.Во акцијата учествуваа 50-тина млади луѓе, кои собираа смет во паркот кај Спортската сала.
Акцијава има за цел да ја подигне еколошката свест на жителите на Куманово од една страна, а од друга страна како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да упатиме порака во каква животна средина сакаме да живееме. Не случајно ја избравме и локацијата кај Спортската сала,, бидејќи претставува еден од најрепрезентативните објекти во нашиот град, каде што се собираат луѓе од различни места и поради тоа зеленилото околу салата во секој момент треба да е чисто и средено. Воедно ја користам оваа прилика и да упатам апел до сите жители на Куманово сите заедно да придонесеме за зачувување на планетата земја, бидејќи немама друга планета каде би можеле да живееме, а и молба до локалните власти да водат поголема грижа за хигинета во нашиот град, со тоа што ќе постават повеќе канти за отпадоци на најфрекфентните локации низ градот- изјави Срѓан Ивановски, претседател на УМС Куманово.
Тој апелираше да не се дозволи само кога се денови за екологија да се организираат вакви акции, туку тоа да биде секојдневна обврска на граѓаните.