Мени

Младите не и веруваат на власта

23.02.2012 09:04 | KumanovoNews

 Младите сметаат дека локалнaта власт не се грижи за нивните потреби, а недоверба има и во институциите и невладините организации.

Младите не и веруваат на власта

Две третини од средношколците сметаат дека локалните функционери не се грижат за младите и нивните потреби, а слични се бројките и кога станува збор за тоа колку им веруваат на локалните власти во работата за доброто на градот. Ова беше изнесено на јавната дебата на младите што деновиве се одржа во Куманово.

Резултатите покажуваат дека 71.2% не им веруваат или малку им веруваат. Според младите кумановци комуникацијата помеѓу локалните власти и младите речиси и не постои. Тие сметаат дека локалните власти речиси воопшто не се грижат за работи кои младите ги сметаат за приоритетни.Голем дел од дискусијата се фокусираше и на недовербата на младите и во институциите и во невладините организации, како и на големото ниво на незаинтересираност на младите да се вклучат во промовирање на младинските прашања- се вели во извештајот од дебатата.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во Куманово живеат 25.106 млади лица на возраст од 15 до 29 години, од кои како невработени се водат 24.9%. Најзагрозена возрасна група меѓу младите се оние на возраст од 25 до 29 години, кај кои невработени се 2.809, што е една третина од вкупниот број на млади на таа возраст.