Мени

Монтажен пешачки надвозник бараат слепите лица

19.09.2012 08:14 | KumanovoNews

 Од Здружението на слепи лица бараат од локалната самоуправа да се постави монтажен мост на улицата “3 МУБ“, за да се олесни движењето на лицата кои имаат проблеми со видот.

Монтажен пешачки надвозник бараат слепите лица

Тие тврдат дека само така ќе стигнат безбедно до Зелениот пазар и притоа ќе ги избегнат автомобилите оставени на тротоар и сообраќајниот метеж.

Десетина луѓе живеат во тој дел кај пазарот и имаат потреба секојдневно да ја поминуваат улицата. Тоа не би било некоја голема инвестиција. Овој проблем секаде е присутен, во сите градови. Јас кога се движам со бел стап, возачите застануваат, не сум имал лошо искуство, а за другите не знам. Во Куманово требаше да се отвори и Инфо центар, каде ќе добиваат информации слепите за она што ги интересира, а уште ништо нема. Хартија се трпи, ама многу споро се работи - вели Бобан Краљевски, претседател на Здружение на слепи лица Куманово.

Слепите лица велат дека во градот недостасуваат звучни семафори и патеки за слепи. Членовите на локалното здружение потврдуваат дека многу малку се вложува за нивните потреби.