Мултиетничка средба во “Вук Караџиќ“
14.10.2014 13:00
| KumanovoNews
Мултиетничка средба се одржа денеска во просториите на основно училиште “Вук Караџиќ“.
Деца од македонска, српска и албанска националност од училиштата “Вук Караџиќ“, “Наим Фрашери“ и градинка Бубамара учествуваа во заедничка приредба.
“Целта е меѓусебно запознавање, дружење, почитување затоа што во овие три установи учат деца од различни националности. Средбата подразбира се она што значи мултикултурна средина. Досега сме имале повеќе вакви средби, но оваа е прва за оваа учебна година и планираме и други слични активности за различни датуми и поводи“ - вели Надица Петровска, директор на „Вук Караџиќ“.
Денешната средба е дел од проектот за интеретничка интеграција во образованието и во знакот на одбележување на Недела на детето.