Мени

Музичкото училиште меѓу најдобрите во државата

25.06.2012 10:52 | KumanovoNews

 Според евалуацијата направена од Државниот просветен инспекторат нижото музичко училиште “Панче Пешев“ од Куманово е меѓу најдобрите во државава бидејќи има просек од 4, 85.

Музичкото училиште меѓу најдобрите во државата

Оценката за училиштето е формирана врз основа на седум критериуми. Земени во предвид се наставните програми, ресурсите, климата во самото училиште, наставата, поддршката за учениците, управувањето на училиштето и достигнувањата на учениците.

Податоци се сумираа цели три дена. Се разгледуваше хигиената, персоналот, функционирањето на училиштето. Им дадовме материјали на цд и во пишана форма. Овој висок просек го оддржуваме со години и секогаш е над 4, 79. Има многу талентирани ученици, има соодветен кадар од 14 вработени од кои 4 се магистри. Награди има многу. За оваа година освоени се 7 државни награди и тоа само први, втори и трети места. Имаме и 5 интернационални награди добиени за пеење, свирење на пијано, виолина, кларинет и гитара - вели Светлана Трајковска, директор на нижото музичко училиште “Панче Пешев“.

На секои три години Државниот просветен инспекторат ги оценува сите образовни установи во државава. Во “Панче Пешев“ учат 238 ученици.