Мени

МВР: Повеќе од пет уапсени во кумановско

15.10.2015 10:51 | KumanovoNews

Повеќе од пет лица се уапсени во полициската акција против лица инволвирани во настаните од 9 и 10 мај во Куманово.

МВР: Повеќе од пет уапсени во кумановско

Акцијата се спроведува главно во кумановските села Брест, Малино и Отља - вели Иво Котевски, портпарол на МВР.

Лицата се осомничени за дејствија поврзани со криминално-терористичката група од населбата Тоде Мендол, која на 9 и 10 мај годинава се судри со полицијата.

По распитот во полиција уапсените се предадени во Кривичниот суд во Скопје, и изведени се пред судија за предходна постапка. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.