Мени

На црквата во Карпош работеле муслимански верници

06.08.2012 10:51 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски во својство на претседател на Црковниот совет по чија иницијатива се гради црквата “Свети Архангел Михаил“ во населба Карпош, објаснува дека на големиот христијански празник „Свети Илија„ на покривот на црквата работеле работници муслимани.

На црквата во Карпош работеле муслимански верници

Црквата ја гради фирма чиј газдата е од муслиманска вероисповест. Да работат на празник тоа е одлука на газдата, а контролата ја има трудовата инспекција - рече Дамјановски.

Тој апелира сакрални објекти да не се споменуваат во негативна конотација, посебно во ваков случај каде градежни работници беа затекнати како на Свети Илија работат, иако е познато дека на значајни верски и државни празници работењето е забрането.