Мени

На есен продолжува проектот “Безбедни училишта“

27.06.2012 14:02 | KumanovoNews

 Освен средните и основните училишта од наредната учебна година ќе бидат вклучени во проектот “Безбедни училишта“. Позитивни ефекти има. Зголемена е меѓуетничката комуникација и доверба.

На есен продолжува проектот “Безбедни училишта“

Проектот засега е единствен во Република Македонија од овој тип. Идејата е на СВР Куманово, прифатена од Oпштина Куманово, a финансирана дел од локална самоуправа и од Мисијата на ОБСЕ. Се формираат одделенски тимови за безбедност на ниво на училиште, редовно се спроведуваат истражувања со ученици, родители, наставници, граѓани, возачи, сите кои на некој начин се во допир со учениците - рече Виолета Богдановска, раководител на оддел за превенција во СВР Куманово.

Целта е овој проект да прерасне во редовна и оддржлива работа. СВР Куманово планира проектот да го прошири и во другите шест општини кои ги покриваат.