Мени

На село Љубодраг му треба водовод

08.06.2012 07:30 | KumanovoNews

 Жителите на селото Љубодраг бараат водоводна мрежа, бидејќи водата од нивните бунари е загадена и не може да се пие.

На село Љубодраг му треба водовод

Селото има своја мрежа која сега не е во функција и потребно е само поврзување на главниот вод во Черкеско село.

Треба да се направи спој меѓу селата Черкезе и Љубодраг во должина од 300 метри. Водатат во ова село е загадена од септичките јами затоа што нема канализациона мрежа. Луѓето се принудени вода за пиење да носат од град.  Затоа сметам дека решавањето на ова прашање е приоритетно и се надевам дека до нова година ќе се реализира овој проект - рече Ѓорѓе Полиќ, советник од Српската напредна партија.

 Тој објаснува дека се работи за мала инвестиција, но треба да се има волја за решавање на проблемот.

Градоначалникот најави дека овој проект е влезен во програмата за реализација на 14 проекти со сретства од Европска инвестициона банка, но не е меѓу приоритетните проекти.