На Студена вода првомајски пикник
23.04.2012 15:08
| KumanovoNews
Асоцијацијата на невладини организации, организира Првомајски пикник на м.в. Студена Вода во селото Добрешане.
Традиционално, овој пикник се организира четврта година по ред за граѓаните на Куманово. Ќе има богата културно-уметничка програма и натпреварување во традиционалните кумановски игри.
За сите заинтересирани за првомајско дружење ќе биде обезбеден превоз со автобус.
Поаѓањето е во 10.30 часот, пред зградата на Комитет и ресторан „Чаки„ на Октомвриска револуција, а враќање во 16.30 часот.