Мени

На Табановце поминале скоро пет милиони патници

30.03.2015 11:00 | KumanovoNews

На граничниот премин Табановце минатата година имало најголема фрекфенција на патници, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи.

На Табановце поминале скоро пет милиони патници

Протокот на патници на овој премин во 2014 година изнесува скоро пет милиони патници, со минимално зголемување во однос на фреквенцијата од 2013 година. Зад Табановце според фреквентноста на патници се граничниот премин Богородица, Блаце, аеродромот Александар Велики и преминот Ќафасан.

На сите премини во државата лани поминале над 18 милиони патници, од кои 61.7 отсто се странски државјани, а остокот се државјани на Македонија.