На Табановце пречек на ракометарите
27.01.2012 21:34
| KumanovoNews
Ракометaрите на репрезентацијата на Македонија, кои освоија петто место на Европското првенство во Србија и со тоа обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон, утре во 13 часот ќе пристигнат на граничниот премин Табановце.
На влезот во државата на Табановце, пречекот на ракометарите ќе биде во 13 часот.
По тој повод од Скопје ќе дојдат 10 автобуси со 500 граѓани, кои по пречекот на ракометарите ќе бидат дел од конвојот со кој македонските спортски херои ќе пристигнат на плоштадот „Македонија“.