На Табановце запленета облека
18.09.2010 07:41
| KumanovoNews
При царинска контрола на граничниот премин Табановце во патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата се откриени над 100 готови текстилни производи.
Во автомобилот биле пронајдени: јакни, фустани, кошули, фармерки, тренерки, блузи, здолништа, хеланки и панталони.