На жителите од неколку улици ќе им светне
Повеќе улици и населени места ќе добијат улично осветлување со новата програма што ја усвои ЈП „Куманово-паркинг„.
Оваа година ќе им светне на жителите на ул. 400 во населбата Иго Тричковиќ, месноста викана Елезов камен, од регионалниот пат Р-201 до афалтниот пат за селото Тромеѓа. Уличното осветлување веќе се поставува на ул. Доне Божинов, поточно од мостот на реката Којнарка до бензинската пумпа Сателит во населбата Карпош. Еден крак ќе биде поставен и кон Спомен Костурницата која ќе добие и партерно осветлување.
Во програмата е предвидено и осветлување на клучката на влезот во Куманово во нас. Долно Којнаре до ул.Никола Тесла, споменикот на загинатите пилоти.
За изградба на новото улично осветлување веќе е изготвена техничка документација, а изберени се изведувачи на работите.