Мени

“Наце Буѓони“ ги отвори вратите за основците

23.05.2012 09:53 | KumanovoNews

 За првпат во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ се одржува „Техносаенс„ на кој учествуваат стотина основци од повеќе училишта. Се планира од наредната година овој настан да биде традиционален и помасовен.

“Наце Буѓони“ ги отвори вратите за основците

Осмооделенците се пријавија на нашите покани. Тие ќе ги бранат трудовите од областа на природните науки и информатика со своите ментори. На најдобрите ќе им бидат доделени дипломи и благодарници. Техносаенс се организира по повод утрешниот празник „Свети Кирил и Методиј„. Од догодина овој проект ќе биде од пошироки размери со спонзорства. Внатре е презентацијата на трудовите, а надвор на атлетското игралиште ќе има натпревар во повеќе дисциплини - рече Лидија Михајловска, директор на “Наце Буѓони“.

 На манифестацијата Техносаенс гостин е Драган Шутевски, магистер и докторант по машински науки, поранешен ученик на средното техничко училиште кој ќе им се обрати на присутните.