Над 1000 казни во јуни за сообраќајни прекршоци
Кумановската полиција во јуни годинава изрекла 1283 казни за сообраќајни прекршоци, а во април само 282.
Во јануари, февруари, март и мај бројот на казни се движи од 800 до 900. Претседателот на советот, Максим Димитриевски праша зошто има драстични разлики во бројот на изречени казни.
“Полициска станица за безбедност во сообраќајот покрај редовни задачи има и обезбедување на функционери, настани, манифестации, избори. Месецот кога имаше избори, имаше и дополнителни активности и тоа е причината за бројот на поднесоците. Секоја година имаме намалување на бројот на сообраќајни несреќи, а во Република Македонија има зголемување од 20-30 отсто“ - вели Марјан Павличек, командир за безбедност во сообраќајот.
Советниците ги охрабрија претставниците од Полициска станица да продолжат со контроли на булеварот “Октомвриска револуција“ за да се спречи брзо возење и сообраќајни незгоди.
Советниците ја усвоија информацијата за преземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2014 година.