Мени

Над 1100 ученици почнаа со настава во “Крсте Мисирков“

01.09.2014 07:27 | KumanovoNews

Во основното училиште “Крсте Мисирков“ денеска на настава тргнаа 1112 ученици распоредени во 45 паралелки.

Над 1100 ученици почнаа со настава во “Крсте Мисирков“

Учениците учебната година ќе ја почнат во варосани простории и уредени кабинети.

На првиот училишен ден со ширум отворени врати ги пречекавме сите  ученици. Почетокот на учебната година учениците ќе го започнат во комплет варосани училници и добро уредени кабинети. За време на летниот распуст, тимот за техничка подршка и тимот за професионален усовршување на наставниците организираше неколку обуки за примена на ИКТ во наставата и изработка на е-содржини - вели директорот Александар Саздевски.

По повод почетокот на учебната година беше организиран и свечен прием за првачињата.