Над 150 деца од Куманово на бесплатно летување
Од Куманово 159 деца годинава ќе одат на бесплатно летување, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Се работи за деца од социјално загрозени семејства, на кои им се овозможува одмор на државен трошок. Дел од децата заминаа, а дел допрва ќе заминат за Струга каде ќе летуваат.
На бесплатно летување ќе заминат 159 деца од Куманово, и 27 родители како придружба, односно вкупно 189 лица. Придружбата од родители се однесува за децата кои имаат пречки во развојот - вели Марјан Гијовски, портпарол на МТСП.
На летување со децата се и волонтери од Црвен Крст, кои ќе им бидат придружба, ќе се грижат за нив и ќе организираат едукативни активности. Во рамки на проектот на Владата, што се реализира од 2012 година, годинава ќе заминат 2.000 деца на бесплатен летен одмор.