Над 17.000 ученици во општина Куманово тргнаа на училиште
01.09.2014 07:19
| KumanovoNews
Почна учебната година за повеќе од 17.000 ученици во општина Куманово.
Во прво одделение денеска ќе тргнат 1162 првачиња. Во 16-те основни училишта има 11334 ученици, а во 5-те средни училишта има околу 6200 ученици.
Имаме тренд на намалување на бројот на деца, иако тоа не е рапидно. За разлика од лани, оваа година имаме 69 основци помалку, а бројот на првачиња е намален за 40. Една недела од почетокот на годината ќе имаме конечни податоци за бројот на запишани првачиња, но нема да има некои големи отстапувања. Бројот на средношколци е приближно ист како и лани - вели Миле Стојменовиќ, раководител на сектор за образование во општина Куманово.
Наставата во сите училишта на територија на општина Куманово е почната навреме.