Мени

Над 200.000 камиони поминале на Табановце

19.05.2015 15:25 | KumanovoNews

На граничниот премин Табановце лани поминале 234.000 камиони, покажува извештајот за работа на Царинска управа за 2014 година.

Над 200.000 камиони поминале на Табановце

Од вкупниот број на камиони, 186.000 биле полни, а 48.000 биле празни. Единствено поголема фреквенција на камиони лани имало на граничниот премин Богородица со Грција каде транзитирале 252.000 камиони.

На сите гранични премини со сите соседни земји, лани поминале вкупно 845.000 товарни моторни возила.