Мени

Над 5000 кумановци побарале отпис на долгови

15.10.2014 12:14 | KumanovoNews

Во Центар за социјални работи Куманово се поднесени 5300 барања за отпис на долгови.

Над 5000 кумановци побарале отпис на долгови

Најголем дел од нив се за отпис на долгови за струја, радиодифузна такса и долгови на кредитини картички. Рокот за поднесување барања истече во понеделник и комисии ќе ги разгледуваат барањата и ќе одлучуваат по нив. До крајот на ноември се очекува процесот да заврши.

Се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.

Мерката се однесува за приматели на социјална помош, невработени и лица што имале смртен случај или инвалидитет во семејството и не можеле да ги подмируваат сметките.