Мени

Над 65.000 тони комунален отпад собран во регионот

11.05.2015 10:11 | KumanovoNews

Во североисточниот регион лани се собрани 65.747 тони комунален отпад, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Над 65.000 тони комунален отпад собран во регионот

Истовремено во 2014 година се создадени 78.182 тони комунален отпад во нашиот регион. Помалку собран смет количински имало во вардарскиот, источниот, југозападниот и југоисточниот регион. Повеќе комунален отпад од североисточниот регион е собран во пелагонискиот, полошкиот и скопскиот регион.