„Нада Михајлова„ слави јубилеј
14.04.2010 13:05
| KumanovoNews
Здружението на жени "Нада Михајлова" од Куманово, денеска, одбележа десетгодишен јубилеј. Организацијата работи на промовирање на првата и улогата на жените во општеството.
Она по што е прпознатливо здружението е издавањето на збриката поезија "Обденица" која се издава седум години.Поезијата ја пишуваат членките на организацијата.
"Ќе продолжиме со соработката со останатите невладини организации со цел да се подобри положбата на жените во државата и Општината"-вели претседателката на организацијата Зора Ивановска.
Организацијата ќе продолжи и со хуманитарни активности по кои е препознатлива.