Мени

Награда за сообраќајна култура во „Браќа Миладиновци„

21.04.2010 09:25 | KumanovoNews

 Учениците од основното училиште  „Браќа Миладиновци„ освоиа второ место на државниот натпревар за безбедноста во сообраќајот што се одржа во Скопје. на државниот натпревар учествувале 24 екипи од осум региони од државата.

Награда за сообраќајна култура во „Браќа Миладиновци„

 Нашата екипа се квалификуваше како првопласирана во полуфиналето ,односно од четири екипи се пласиравме на второ место. Натпреварот е во организација  на Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата. Ние и минатата година учествувавме на натпреварот и со стекнатото искуство годинава освоивме второ место со тенденција догодина да бидеме први-рече професорот Љубиша Петковски.

  Тој апелира до сите ученици да се стекнат со сообраќајна култура за да можат правилно да се вклучат во јавниот сообраќај прво како пешаци, а потоа и како велосипедисти.