Мени

Најдени заменски наставници за 70 отсто од основните училишта

23.01.2015 14:17 | KumanovoNews

Преку Центарот за вработување Куманово веќе се пронајдени заменски наставници за 70 отсто од основните училишта во Куманово, а за средните допрва ќе се бара наставен кадар.

Најдени заменски наставници за 70 отсто од основните училишта

Заменските наставници денеска се појавиле во основните училишта каде треба да ги заменат штрајкувачите.

Седумдесет отсто од основните училишта се покриени со заменски наставници. Некаде имало отпор, наишле на затворени врати или директорот бил на семинар, па немало кој да ги прими. Од понеделник има минимум услови во основните училишта за да се изведува настава - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

Во Центарот за вработување Куманово ќе бидат повикани наставници кои би биле ангажирани во средните училишта.