Најдено исчезнатото девојче
Шеснаесет годишното девојче пред три дена избегало од дома откако на телевизија ги видело нејзините родители како јавно кажувале дека таа е жртва на малолетничка проституција.
Од срам тоа се криело и спиело во дворот на едно средно училиште на периферијата на Куманово. Вчера ја пронашла полицијата.
Д.П.(16), во вторникот околу 6 часот излегла од куќата, по што и`се губи секаква трага.
Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка.
Според нејзиното кажување побегнала од дома затоа што родителите јавно ја засрамиле и ја обележале, а и постојано ја малтретирале. Без причина ја обвинувале дека се дрогира и е жртва на малолетничка проституција.
Поради тврдењата на родителите, на девојчето му биле извршени прегледи кои покажале дека тоа не е сексуалано искористено, а анализата на крвта покажала дека нема присуство на дрога.
Пред еден месец Центарот за социјални работи Куманово ја сместил Д.П. во згрижувачко семејство, а пред две недели ја вратиле дома.
Полицијата во Куманово трага и по уште едно исчезнато девојче. Се работи за А.И.(17), која нема родители и живее со брат и кој работи во Авганистан. Побегнала од дома на први јуни, а брат и го пријавил случајот по неколку дена. Таа досега неколкупати исчезнувала од дома.