Мени

Најдобрите маски ќе бидат наградени

17.05.2012 11:10 | KumanovoNews

 Во спортската сала на средното економско училиште “Перо Наков“ вечерва во 19 часот најдобрите маски од маскембалот “Батко Ѓорѓија 2012 “ ќе ги добијат наградите. Присутните уште еднаш ќе ги видат автентичните маски.

Најдобрите маски ќе бидат наградени

Во категоријата на детски градинки наградени се: прво место се “Мали печурки“-објект Пчела, “Славејчиња мали сме ние“- објект Славејче со второ место и “Пролетни цвeќиња“- објект Кокиче со трето место.

Меѓу основците на трето место се  први “Еко проект“ од ОУ“Вера Которка“ Клечовце, втори се “Шумски јаготки“ од ОУ“Толи Зордумис“ и “Македонска навивачка фаланга“ од ОУ“Кочо Рацин“ .

Од средните училишта први се “Клеоптара“ од средното економско училиште “Перо Наков“. Второто место го освоија “Снегулки“ од средните стручни училишта и на трето место се “Црно и бело“ од Гимназија “Сали Фрашери“.

Награда за креативност ќе земат “Пингвини“ од градинката Анѓел Шајче. За инвентивност и еко порака се наградуваат “Река Кумановка“ од ОУ“Крсте Мисирков“. Најдобра колективна маска е на Наце Буѓони “Навивачи“. За порака наградени се “Хипици“ од Гимназија “Гоце Делчев“. За индивидуална маска наградена е Драгана Дамјановска која беше маскирана како суму борач. Маската “Самурај“ на Цоки Ритовски е прогласена за најоригинална. Гран при ќе добијат основците од “Вук Караџиќ“ за маската “Плашила за бостан“.