Најмалите положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев
Децата од големите групи на градинката “Синоличка“ денеска положија цвеќе пред бистата на народниот херој Панче Пешев во дворот на истоименото музичко училиште.
По повод Денот на востанието на македонскиот народ, секоја година дечињата оддаваат почит на овој борец од НОБ.
Секоја година доаѓаме со децата бидејќи ни е блиску до нашата градинка, и на овој начин му оддаваме почит на народниот херој. Дечињата рецитираат стихотворби, сите заедно ќе испејат песнички, а потоа положуваме цвеќиња. Децата имаат одредено предзнаења не само за Панче Пешев , туку и за другите познати народни херои кои го дале животот за слобода на оваа земја. Ги подготвуваме претходно, зборуваме со нив - вели воспитувачката Слаѓана Арсовска.
Панче Пешев е роден во Велес, а живеел и се образувал во Куманово. Тој загинал во селото Кушкулија, струмичко на 5 јуни 1944 година.