Мени

Намален бројот на лажни азиланти

05.03.2012 09:10 | KumanovoNews

   Последниов месец е намален бројот на баратели на азил. Ова беше речено на трибината "Стоп за злоупотреба на визна либерализација" што ја организираше МВР и невладината организација "Даја".

Намален бројот на лажни азиланти

Трибината има за цел преку превентивни мерки и директен контакт со граѓаните да се зајакне јавната свест за правилна употреба на визната либерализација.

"Во јануари годинава, според податоците на Регионалниот центар за гранични работи Север депортирани се 127 лица, односно тие се присилно вратени, додека одбиен за излез се 257 лица. Најголем дел од нив доаѓаат од кумановско и од општина Шуто Оризари"- вели Валентина Димовска,самостоен инспектор во Регионалниот центар за гранични работи север.

    Од невладината организација "Даја" ќе продолжат со вакви трибини на локално ниво меѓу ромското население.

 "Мора да се истакне дека најголем дел од барателите на азил се Ромите, особено најранливите социјално загрозени лица.Сепак со вакви трибини им објаснуваме дека за македонските државјани азил во европските држави како категорија не постои"- вели Дилбера Камберовска, претседателка на "Даја".