Наскоро аптеки во Романовце, Лопате и Липково
05.05.2015 12:23
| KumanovoNews
Аптеки ќе бидат отворени во селата Романовце, Лопате и Липково, најавија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Уште една аптека е во процедура и се очекува во најбрз можен рок да се потпише договорот меѓу ФЗОМ и аптекарската станица во липковското село Слупчане. Во триесетина села во државата за прв пат ќе бидат отворени аптеки, со што ќе се подобри достапноста до лекови.
Децении наназад, а некои населени места никогаш немале аптеки, и граѓаните од овие места биле приморани да патуваат до најблискиот град за да можат да подигнат лек на рецепт - велат од ФЗОМ.
Фондот за здравство за новите аптеки ќе одвојува 31.4 милиони денари годишно.