Наслов: Бик на ражен за Ѓурѓовден
04.05.2015 14:43
| KumanovoNews
Во општината Старо Нагоричене, утре се организира традиционалната прослава на празникот – Ѓурѓовден.
„Ѓурѓовденски Собир 2015“ ќе се одржи на новиот плоштад до црквата „Свети Ѓорѓи„ со почеток во 19.30 часот.
Прославата се организира петта година по ред, а гостите ќе имаат можност да пробаат печено месо на ражен. За културно – уметничката програма се задолжени културно-уметничките друштва „Српски Вез“, „Карпош“ и гости од Бор.
Прославата е помогната и подржана од Министерството за надворешни работи-Управа за соработка со дијаспора и Србите во регионот, како и од Министерство за култура на Р.Македонија.