Мени

Наставници од Липково ќе останат без трајно вработување

28.05.2012 08:40 | KumanovoNews

 Околу 15 наставници од липковскиот крај нема да добијат договор за работа на неопределено време, бидејќи имаат завршено само вишо образование.

Наставници од Липково ќе останат без трајно вработување

Станува збор за постари луѓе кои имаат над 55 години и кои не го дооформиле образование согласно барањата на законот. Поради тоа не може нивниот договор од определено да се трансформира во договор на неопределено време.

Вработување на кадар било да е стручен соработник или наставник мора според закон да има диплома за завршено високо образование за тој профил. Министерството не може да прави отстапки ако основниот услов не е исполнет. Треба да се заокружи образованието. Претходно имаше случаи со вишо образование се вработуваа, но веќе се стави крај на таа работа. Еве неколку години се работи поинаку - вели Миле Стојменовиќ, раководител во Секторот за образование во Општина Куманово.

Стојменовиќ објаснува дека оние наставници кои имале виша школа, а добиле договор на неопределено време кога се носеле законските измени си остануваат на своите работни места без обврска за дообразување.

Истиот проблем го имаат и училиштата во останатите делови од кумановско, кратовско и кривопаланечко. Според некои неофицијални информации во ресорното министерство е формирана група која ќе одлучува за овие случаи.

Законските измени се направени во 2008 години, по што дел од наставниците добија рок до кога треба да завршат факултет. Некои наставници од страв да не ја изгубат работата самоиницијативно се дообразуваа и пред да стапи на сила законот. Меѓу просветарите имаше поделени мислења. Оние со високо образование сметаа дека е нелогично да вршат иста работа и да земаат иста плата колегите кои завршиле само вишо образование.