Натпревар по физика во гимназијата
21.04.2012 09:37
| KumanovoNews
Друштвото на физичари на Македонија, денеска во гимназијата "Гоце Делчев" организираше регионален натпревар по физика.
На натпреварот учествуваат 283 ученици од основни и средни училишта од Скопје, Куманово,Крива Паланка,Кратово,Кавадраци и другите градови.
"Системот не предвидува колку од учениците ќе бидат наградени.Може поголема бројка од учениците да освојат значителни бодови со кои понатаму ќе може да обезбедат учество на државниот натпревар, кој ќе се одржи на 12 мај годинава во Валандово. Најуспешните пак да продолжат на балкански и меѓународни олимпијади"-информира професорката Штефица Ујчиќ, регионалниот координатор.
За учеството на овој натпревар избор вршат професорите по физика од матичните училишта на интерни натпревари.