Мени

Наврнаа 63 литри дожд во Куманово

03.09.2014 07:46 | KumanovoNews

Во последното деноноќие во кумановско наврнаа 63 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Наврнаа 63 литри дожд во Куманово

Обилни врнежи од дожд ноќеска имаше и во другите делови на Македонија.

 “Најмногу дожд наврна во Гевгелија каде има 101 литар, 87 има во Демир Капија, 66 во Битола, Скопје на Зајчев Рид 60, а најмалку има во Охрид 5 литри и Берово 3 литри на метар квадратен. Во текот на денот ќе биде врнежливо, а попладне поинтензивни врнежи ќе има во источните и северните делови на земјата“- вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.

Од Регионалниот центар за управување со кризи потврдуваат дека водостојот на реките е зголемен како резултат на обилните врнежи.