Наврнаа нови 22 литри дожд на квадрат
01.02.2015 11:24
| KumanovoNews
Нови 22 литри дожд на метар квадратен наврнаа ноќеска во кумановско, потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Од таму велат дека водостојот на реките не бележи драстично зголемување и нема дојави за поплави и излевања.
Крива река е со истото ниво како вчера, а и другите реки не се заматени, не се со голем водостојот. Снежна покривка има само на повисоките планински места во околината и таа е околу 4 цм, додека во градот воопшто нема снежна обвивка - рекоа од РЦУК.
Денеска не очекува променливо облачно време со температури до 7 степени.